„ЕЛЕМ“ ЌЕ НАБАВУВА МЕХАНИЗАЦИЈА: Преку 41 милиони евра ЕЛЕМ ќе потроши на багери и помона механизација

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

АД „Електрани на Македонија” денеска објави тендер за купување помошна механизација за РЕК Битола. Како што велат од таму ангажирањето надворешна помошна механизација при ископот е еден од главните трошоци на АД ЕЛЕМ, затоа што за таа услуга ЕЛЕМ постојано им плаќа на надворешни фирми, бидејќи сопствена механизација-нема.

-Од тие причини, ние како државна компанија за производство на електрична енергија, планираме да набавиме сопствена и да ставиме крај на трошоците кои со години наназад го ослабнувале ЕЛЕМ, а преку ЕЛЕМ-и државата, како сопственик на АД ЕЛЕМ- изјави денеска генералниот директор, Драган Миновски.

Со овој тендер се планираат 8 хидраулични багери-ровокопачи, 9 булдозери, 2 грејдери,3 автодигалки, 3 утоварувачи, 2 комбинирани градежни машини-скипови, 4 телескопски чистачи на транспортни ленти, 2 цистерни за вода, 3 товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и 8 камиони-дампери со носивост од 30 тона. Вкупно – 44 парчиња механизација.

-Ова е целата помошна механизација што му е потребна на РЕК Битола за да не ангажира повеќе надворешна. За последните 5 години за ангажирање на надворешни фирми ЕЛЕМ платил 212 милиони евра. Сумата сама по себе кажува се. Ние сега планираме за 41 милион да ја купиме целата потребна механизација и да копаат нашите работници – додаде Миновски.

Доколку тендерската постапка се одвива во предвидените рокови, рече Миновски, очекуваме машините да бидат испорачани до крајот на годината. Со тоа, во 2019г помошна механизација од надворешни фирми во РЕК Битола нема повеќе да се користи.

-Со тоа ќе се изврши заштеда, а таа заштеда ќе се одрази на производствената цена на електричната енергија. Ние како ЕЛЕМ мораме да направиме се за да произведуваме што поевтина електрична енергија, затоа што со либерализацијата ние како државна компанија ќе треба веќе да се бориме на слободниот пазар, а не да чекаме на државата. Ние како менаџмент сме свесни за тоа, и одговорно и посветено работиме и се подготвуваме за промените во енергетскиот сектор- посочи директорот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This