Елена Петреска се повлекува од естрадата: Потрошив многу енергија стоејќи на погpeшна врата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката Елена Петреска во интервју за точка.ком.мк потврди дека се повелекува од естрада и дека ќе се посвети на класичната музика.

Таа вели дека потрошила многу енергија на погрешна врата.

Сум правела од ништо – нешто. Сум си правела фустани од марами за на фестивал, сум фарбала сандали со аутолак, сум победила на фестивал, а притоа сум немала пари за автобус да се вратам во Скопје, сум пеела и правела најдобри забави, сум се трошела до максимум, целата енергија ја оставав на публиката, на моите настапи со бенд. Сум прифатила и лоши песни кои ни сама не сум сакала да ги слушнам, но и многу добри кои за жал никој не пројавил желба да ги пушта. Искрено, (секоја чест на исклучоците), на новинарите очигледно им бев интересна за интервјуа во врска со мојот живот, а кога се работеше за мојата музика сите ми вртеа грб, тоа се потврди и со мојот последен настап на Макфест. Немав среќа да имам добар менаџер, а сама за себе не знев да бидам. Јас сум уметник, и фала Богу што барем на моите настапи имав можност да бирам како ќе се изразам себеси, без да морам да прифатам било каква песна зошто сум немала спонзори за да платам поубава.

Затоа, веќе немам ниту мотив, ниту желба. И не се лутам на никого, едноставно тоа биле знаци кои одамна требаше да ги прифатам, а не упорно како што кажав да тропам на погрешна врата. Горда сум на мојата одлука. Уште погорда што секојдневно се повеќе сум инволвирана во класичната музика каде што уживам и искрено немам потреба никому да се допаднам, едноставно се препуштам на енергијата и магијата која ја носи во себе операта“ вели пејачката

На прашањето дали има простор во иднина да сними повторно некоја поп песна, пејачката вели:

Немам причина зошто да оставам простор. Може ќе си снимам понекогаш по некој кавер по дома, онака кога ќе ми се припее. Но дефинитивно веке нема да снимам песни. И секако веќе нема да се повторувам со приказната за моето повлекување од естрада, ова е моја прва и последна изјава на таа тема. Благодарна сум на сите со кои сум соработувала, и благодарна за сето животно искуство што го стекнав преку оваа професија која со својата динамика и контакти со многу луѓе, разни приказни и искуства, ме направи богат човек“ вели таа за точка.ком.мк

Инаку, Петреска работи во Македонската опера и балет и стана бренд амбасадор на еден центар за убавина.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This