ЕЛИЗАБЕТА КАНЧЕСКА МИЛЕСКА И АРТАН ГРУБИ НА КАФЕ КАЈ НИНО ТОДОРОВ: Законот за амнестија се пишувал во канцеларијта на екс-министерот за здравство?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната министерка за култура од ВМРО-ДПМНЕ и сегашна пратеничка, Елизабета Канческа Милевска, пред неколку дена, беше забележана во населбата Капиштец заедно со пратеникот Артан Груби од ДУИ, пренесува порталот на новинарката Јорданка Ивановска – Јоци

Очевидци за порталот раскажале дека двајцата ја напуштиле адвокатската канцеларија на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, и потоа заминале со возило ,,ауди” кое го управувал Груби.

Посетата на Канческа Милевска и Груби во канцеларијата на Тодоорв, најверојанто била поради законот за амнестија кој, се подготвува токму од адвокатот Никола Тодоров, како што пренесува „Магазин“, поранешен министер за образование и за здравство, во владата на Груевски. Според извори од т.н. пратеничка група на „одметнатите“, главен ко-автор на овој законски текст е заменик министерот за правда, Оливер Ристовски (исто адвокат по занимање), кој важи за човек од многу поголема доверба на Заев во споредба со министерката Дескоска.

За нацрт-текстот на овој предлог закон повремено помага и Билјана Бришковска, поранешен заменик министер за правда и близок соработник на Никола Тодоров. Одредени сугестии за законскиот текст имаат и правните застапници на пратениците Мукоски, Арнаудов и Василевски, кои се заинтересирани за што поскоро и попрецизно утврдување на законските одредби за амнестија, а поврзано со тешките обвиненија што власта им ги натовари за инцидентот од 27-ми Април, пишува „Магазин“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This