„ЕЛИТНИТЕ“ СПЕЦИЈАЛЦИ НЕ ГО ПОЛОЖИЛЕ ТЕСТОТ: Елитните специјални сили на Словенија, не го положија тестот на НАТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Елитната 72. Бригада на словенската војска не го положила тестот за борбена готовност на НАТО, што предизвика сомнежи во тоа дали Словенија може да ги исполни своите обврски кон Алијансата, пишуваат словенските медиуми

Како што пренесува „Портал 24“, 800 војници на 72. Бригада се посрамотиле за време на вежбата за оспособување во склад со стандардите на НАТО на полигонот „Почек“ минатата недела.

Претставниците на НАТО, кои ја оценувале борбената готовност на војниците во пет области, им дале преодна само во едно поле, и покрај тоа што војниците тренирале 18 месеци во Словенија и во странство.

Телевизијата ПОП-ТВ наведува дека она што сојузниците можеле да го видат на „Почек“ повеќе потсетувало на првоаприлска шега, пренесува „Јутрањи лист“.

„Војниците според методот ЦРЕВАЛ НАТО не знаеа да маневрираат во просторот, опремата која им ја обезбедила министерството за одбрана се покажала лошо, од чизмите отпаѓаа ѓоновите, а повеќе војници поради замрзнатини побарале помош од санитетската служба и лекарите“, наведува телевизијата.

Медиумите пренесуваат дека сега се поставува прашањето дали словенските војници можат да учествуваат во меѓународните операции по април со обзир дека се покажало дека не се борбено спремни до тогаш.

СТА наведува дека се очекува војската во наредните денови да даде коментар за исходот на вежбата.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This