April 23, 2024, 11:32 pm

ЕМИН БРАЧЕД ИЛИ ЗОРАН ШАПУРИЌ, ПРАШАЊЕТО Е СЕГА: Што сакаше да каже Шапуриќ не можат да дешифрираат ниту криптографи од УНЕСКО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога не би било трагично, со сигурност би било комично да се читаат статусите на министерот без ресор Шапуриќ, кој денес отиде да ја посети депонијата во Струга од каде директно ја информираше јавноста преку ФБ. За жал никој не разбра што точно сака Шапуриќ да каже, а ние тука ќе се обидеме да направиме превод 

 

Веќе осми ден како запалената депонија во Струга ги гуши граѓаните на бисерот на Охридското езеро, а повеќемина се хоспитализирани, меѓу кои и неколку деца кои биле примени со акутни проблеми на дишните органи.

За ова зборуваше и стружанецот Шпетим Положани, чиј седум годишен внук бил хоспитализиран

Под силен притисок на јавноста, владата да превземе конкретни чекори за итно гаснење на пожарот во Струга, но и за дислокација на депонијата со цел повеќе да не се случуваат вакви еколошки катастрофи, министерот без ресор Зоран Шапуриќ денес отиде на лице место, а за тоа реши да ја информира јавноста преку социјалната мрежа ФБ. А, можеби и не требаше.

„Во на лице место, во срецето на позарот во депонијата“ – напиша Шапуриќ на својот ФБ профил, и тотално ја збуни јавноста за тоа што сакаше да каже. Дали можеби Шапуриќ алудираше на тоа дека тој „е во срцето на депонијата“ каде што беснее „пожарот“, не знаеме. Но, министерот се обиде да даде објаснување.

Според Шапуриќ, односно од она што можевме да го преведеме од неразбирливите одговори, постоел план за регионални депонии од 2005. Досега ниту една општина не успала да најде јавно-приватно партнерство за истите. Секако, тоа што го пишува Шапуриќ е неточно имајќи во предвид дека пред неколку години неколку депонии добија статус на регионални по исполнување на еколошките стандарди, но и тогаш „Шарените“ протестираа против јавно-приватните партнерства.

На крајот, Зоран Шапуриќ ја лиши јавноста од подетални образложенија, но му вети на Заге Филипоски дека кога ќе се виделе ќе му објаснел. Претпоставуваме дека тоа му е пријател, па затоа и заслужува објаснување, а јавноста кој ја шиша.

Она што е интересно сепак е дека популарниот Емин Брачед од Струга, ќе ви даде подобро објаснување за проблемот со ѓубрето во Струга, од министерот Шапуриќ. Слушнете.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This