ЕМОТИВНА ПОРАКА ОД ГОРДАНА ШАУЛИЌ:„На далечен пат си, ќе ти се придружам да остариме заедно…“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шабан Шаулиќ со сопругата Гордана во брак бил 43. години, ако се исклучат 20. дена колку што биле разведени. Пејачот во млади денови често одел по кафеани и пиел,што и
пречело на неговата сопруга Гордана

Сопругата на неодамна починатиот „крал на народна музика“, Шабан Шаулиќ, Гордана Шаулиќ со потpесни зборови се простила од саканиот сопруг кој во неделата наутро починал во
тешка сообраќајна несpеќа на автопат во Германија.

„Во добро и зло,низ бури и олуи. 43. години заедно, а уште многу нешта требаше…За мене си ти на далечен пат, каде и јас, како и многу пати порано, еден ден ќе ти се придружам, па така понатаму да остариме заедно. од бескрајна гордост до неизмерна болkа во срцето и душата“, стои на пораката која семејството на починатиот пејач ја објавило пред последното испраќање.

Шаулиќ со сопругата бил во брак 43. години, ако се одземат оние 20. дена колку што биле разведени. Имено,пејачот во младите денови често одел во кафеани и пиел, што не и се
допаѓало на сопругата Гордана. Го предупредувала, а кога повеќе не можела да го трпи неговото однесување, во 1985. година побарала развод.
„После три дена дојдов дома мpтов пијан.

Ми рече:’Не може тоа така, зарем воопшто не ти значиме?’Уште не бев дојден при себе, бев во тешка состојба на алкохоизам“,
раскажал, Шабан шаулиќ,минатата година за српските медиуми.

Сопругата Гордана со денови претчувствувала дека нешто ќе се случи:
„Што да ви кажам.Плачам по цел ден. Ви благодарам за сочувcтвото. Не можам да верувам што се случи, повеќе го нема…Се јавив неколку пати, како да претчувствував дека нешто
ќе се случи“, одговорила кусо Гордана на телефонско јавување на новинар од Дневни аваз.

Шабан остави и три деца, ќерките Илда и Санела и синот Михајло кои веднаш после неговата сообраќајна несpеќа отпатувале во Германија. Имено, Шаулиќ во четврток на 21. февруари требало да го слави роденденот на Санела, но во стpавична сообраќајна несpеќа во неделата го заг убил животот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This