ЕМОТИВНА ПРИКАЗНА НА ДВЕ МЛАДИ МОМЧИЊА: Никола на Лука му го даде својот бубрег и својот црн дроб и му подари нов живот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку пати сте ја слушнале од своите роднини, пријатели и најблиски онаа познатата: „Би дал се за тебе па дури и својот живот“. Meѓутоа, малку се оние кои се спремни тоа навистина да го направат. Еден од тие ретки и искрени луѓе е Никола Субашиќ(25) кој без размислување на својот пријател Лука Василевиќ (24) му го даде својот бубрег и половина од својот црн дроб и така го спаси и му го подари она најскапоценото – нов живот.

Никола живее како подстанар во домот на семејството Василевиќ, а со Лука веднаш се спријателил. Кога Лука се paзбoлeл, Никола работел во земунската болница, каде што Лука одел на дијализа.
Лука има вроден недостаток на ензим алфа-1антитрипсин, и на 23 години му дијагностицирале циpoзa на црн дроб, а му oткaжaлe и бубрезите – од тогаш животот му е сведен на дијализа. Едниствена надеж за опоравување била трансплантација на бубрезите и на црниот дроб, но за жал никој од неговата фамилија и од најблиските пријатели не можеле да бидат донори.

– Лука не се откажуваше, истражуваше и ја пронајде болницата „Арчибадем“ во Турицја, во која можат веднаш да направат двојна трансплантација, бидејќи такви операции во Србија и во регионот не се прават. Една вечер Лука ми кажа: Мамо Никола сака да биде донор. Го прашав Никола дали е сигурен, а бидејќи ме вика тетка без размислување ми одговори: Тетка, ќе му дадам. Зошто да не? Зарем не гледаш колку се мачи, секако дека ќе му дадам – раскажува мајката на Лука.

По завршената процедура, откако Министерството за здравје го обезбеди потребниот износ на пари за овој потфат, тргнаа на пат 1. јули минатата година.

– Докоторот му рече на Никола: „Кај еден од 10 оваа опepaциja завршува неуспешно, дали сте подготвени?“ а он одговори: „Јас немам друг избор“. Никола и Лука не размислуваа да се откажат.

Трансплантацијата беше направена на 20 јули. Се испоставило дека црниот дроб на Никола е помал и морале да одсечат дури 70%. Се откажаа од трансплантација на бубрегот бидејќи тогаш животот ќе му беше загрозен.

– После тоа дојдоа компликациите за Лука. Трпеше големи болки, не смееше да јаде речиси ништо. Но помина и тој период.

Во ноември дојде и денот за трансплантација на бубрегот., за голема среќа бубрегот проработе уште на опepaциoнaтa маса. Од тука опоравувањето одело могу брзо, а Лука бил препороден.

Лука вика дека односот со Никола му е како со роден брат.

-Сега сум океј. Кога ми кажа дека ќе ми биде донор, се израдував и се чувствував спасено. Бев подготвен и на најлошото, но се поднесов добро. Не се плашев – кратко објасни Лука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This