ЕМОТИВНА ПРОШТАЛНА СРЕДБА ЗАЕВ- БЕЈЛИ: Пред заминувањето на амбасадорот се опростија еден од друг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот Зоран Заев го прими во проштална посета амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Бејли.

Премиерот Заев на средбата ја изрази неговата лична, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за активниот придонес на амбасадорот Бејли за време на неговиот мандат, во еден исклучително значаен период кога поддршката на САД, како стратешки партнер на Република Северна Македонија, беше од огромна важност во процесите за нашето членство во ЕУ и НАТО.

Амбасадорот Бејли истакна дека му е особено драго што за време на неговиот мандат Македонија го решила спорот со Грција.

Заев на Бејли му подарил фотографија со посвета од една од нивните бројни меѓусебни средби во знак на, како што велат од Владата, сеќавање за извонредната соработка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This