Емотивна средба – Цел живот ја барала мајката, а ја запознала пред нејзиниот 104. роденден!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ајлин Мекен (81) сеуште не може да верува дека успеала да ја најде мајката која ја барала 60. години.
Ајлин пораснала во сиротопиталиште во Ирска и никогаш не ја запознала својата биолошка мајка.
Кога наполнила 19. години почнала со потрагата, но без успех.Минатата година, ја контактирала телевизијата РТЕ со надеж дека ќе и помогнат.


Со помош на стручњаци по генеологија ја пронашла мајката Елизабет (103) која живеењ во Шкотска.
Желбата на Ајлон конечно се исполнила. Со сопругот, ќерката и зетот отпатувала во Шкотска за да ја запознае Елизабет.
„Отидов да ја видам и тоа беше најубавата дама“ рекла среќната ќерка.


Кога пристигнала до куќата на Елизабет, вратата ја отворил маж за кого се испоставило дека е нејзин полубрат.
„Му реков дека сум од Ирска и дека сум дојдена да ја запознаам својата мајка, а тој рече ‘Секако’“, објаснила Ајлин.

Во текот на трите дена кои ги минала во Шкотска првпат се изназборела со мајка си.
„Беше возбудена и воопшто не ја пушташе мојата рака“, открила Ајлин.
Инаку, Елизабет за неколку дена треба да го прослави својот 104. роденден кој сигурно ќе и биде еден од посреќните.

Екран.мк/РТЕ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This