April 19, 2024, 11:25 pm

ЕМ ГО ТЕПАА СО СЕКИРИ, ЕМ СИ ЗАРАБОТИ ПРЕКРШОЧНА: Според хунтата на СДС Елвис Бајрам сам се истепал – Амди Бајрам ќе бара оставка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката на министерот за внатрешни работи е партиски донесена и монтирана. Го обвинува градоначалникот на Шуто Оризари Елвис Бајрам и шест луѓе дека предизвикал општа тепачка, а тоа е обид за убиство со секири и шипки, обвини денеска  Амди Бајрам од Сојузот на Ромите на прес-конференција по повод извештајот на МВР за случајот во Шуто Оризари.

– Барав демократски и фер избори. Министерот вети дека нема да се гледа страна, но тоа не се случи. Тој е министер на сите граѓани, а не само на СДСМ. Лага е дека Елвис Бајрам со шест луѓе ги нападнал. Не добро извршена истрага и монтиран случај. Не нападнал Елвис. Министерот не си ја знае својата должност и според мене и јас го знам него од Собреанието како пратеник и тој не ги знае членовите, а според мене целото сценарио е негово. Излегува и обвинува дека Елвис предизвикал општа тепачка, а тој бил нападнат со секири и шипки, изјави Амди Бајрам.

 Обини дека вчера на митинг на СДСМ во Шуто Оризари истите луѓе што го нападнале со шипки и секири Елвис Бајрам стојат зад Зоран Заев, Петре Шилегов, Курто Дудуш и Самка Ибраимовски и ги обезбедуваат.

Посочи дека верува во Јавното обвинителство и дека ќе си ја спроведе својата работа и ќе почне од почеток да го испитува случајот.

Прашан за состојбата на неговиот син, Амди Бајрам рече дека не е добра, левото око му е отечено и затворено, како и дека е свесен и може да зборува, но има отоци и болка.

– За оваа работа ќе барам оставка од министерот во Собрание, рече Бајрам.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This