ЕМ ДА НЕ ТЕПААТ, ЕМ ДА МОЛЧИМЕ: Тевдовски ги искара медиумите и нареди да не пишувале за зголемувањето на акцизата на дизелот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Многу од ветувањата кои новата власт ги даваше пред изборите, очигледно како да ги има заборавено, сметаат многумина. Иако беше ветувана повисока плата, просечната плата во Македонија паѓа последните месеци. Иако беше ветуван повисок економски раст, секој месец се повеќе и повеќе паѓаат проекциите околу економскиот раст. Ветувани беа и повисоки пензии, а нивното покачување беше стопирано. Човекот кој е задолжен да ја води економијата во државата, министерот за финансии, Драган Тевдовски, место да се фати за работа која ќе донесе повеќе за граѓаните, се занимава со други работи.

Имено, Тевдовски ги покори медиумите кои пишувале за покачувањето на акцизата на дериватите. Според неговите зборови сосема е коректен и не треба да загрижува никого процентот со кој ќе се зголеми акцизата на дизелот.

Да потсетиме, со зголемувањето на акцизата на дизелот за 3 денари, кога ќе се пресмета и данокот, граѓаните ќе плаќаат по 3,54 денари повеќе за литар дизел. Тевдовски како што тој вели, побара од медиумите да не манипулираат на темата за покачувањето на акцизата, мерка која директно удира по џебот на граѓаните.

-Апелираме посебно до медиумите, ако не се стручни, да не манипулираат на оваа тема, потенцира Тевдовски.

Инаку со поскапувањето на нафтата, директно се удира по скоро секој сектор во државата. Посебно по земјоделците, кои покрај тоа што ќе добијат пониски субвенции, кои и такви помали ќе ги добијат ако имаат само повисоко производство. Покрај тоа се удира и по многу индустриски претпријатија на кои еден од главните енергенси им е токму нафтата.

И од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека СДСМ со покачувањето на акцизата за нафтата директно удира по џебот на граѓаните. Како што велат од партијата, за жал поскапата нафта највеќе на свој грб ќе ја почувствуваат земјоделците, сите превозници, таксисти, камионџии и останати, но за жал и над 200.000 граѓани кои возат дизел возила. Предупредувањата на ВМРО-ДПМНЕ за неумешноста на владата на СДС да управува со државата за жал станува сурова реалност, истакна Лазар Поповски на денешната прес-конференција.

-Така на пример земјоделците кои одгледуваат ориз, трошоците при обработка на секој еден хектар насад ќе им се зголемат за 600 денари и тоа само поради покачувањето на акцизата за дизел горива. Дизел горивото како што знаеме тие го користат при орањето, при танирање, при валирањето, при жетвата, но и при превозот на готовиот производ, 600 денари повеќе трошок во услови кога СДС најавува укинување или намалување на субвенциите. Истите и сличните примери се и кај таксистите и превозниците со камиони. Ако еден камион троши околу 40 литри дизел на 100 километри, новата цена на акцизата ќе значи дека камионите ќе трошат 150 денари повеќе на секои изминати 100 километри. Ако камионот вози 500 километри дневно, низ Република Македонија, тоа се дополнително 750 денари повеќе дневно, или месечно скоро поголем трошок од речиси 20.000 денари, истакна Лазар Поповски и додаде:

„Сличен случај и кај таксистите. Така ако еден таксист поминува 200 км на ден, трошокот се зголемува за 50 денари секој ден, или над 1.500 денари месечно. Ваквата мерка на владата на СДС ќе донесе низа покачувања на јавниот превоз, ќе донесе во такси превозот, на земјоделските намирници и култури и готовите производи. Но за жал ќе донесе до покачување на сите гранки поврзани со дистрибуцијата. Со еден збор поскапување на се и вовед во инфлација“.

Замислете, рече тој, владата која секојдневно се задолжува со стотици милиони, владата која покачува акцизи на дизел гориво нема реализирано ниту еден проект во корист на граѓаните.

-Сето ова не воведува во едно ново сценарио, многу суптилно веројатно и нова платформа за економско осиромашување на граѓаните на Република Македонија во пресрет на нови активности кои што треба допрва да се случат. Господа од СДС, граѓаните не се должни за вашата неспособност и луксузирање да плаќаат дополнителни трошоци и да осиромашуваат, изјави Поповски.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This