ЕМ КОДОШАТ, ЕМ НА СЛОБОДА, А КАТИЦА СЕ ПРАВИ ПАДНАТА ОД МАРС: Уво не ги заболе за закони и судови, си тераат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинетите за најтешки дела против државата во случајот „Пуч“, Зоран Заев и Зоран Верушевски, по завршување на денешното рочиште се упатија на заеднички ручек во ресторанот „Ла Тераца“ на скопскиот плоштад, уживајќи во ноншалантноста на Катица Јанева, која бара мерки за обезбедување само кон функционери на владејачката партија.

zaev-verusevski-skopje-1

 

Имено, градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, веќе трет месец, на барање на Јанева, се наоѓа во притвор иако Општината плаќала тројно пониска цена на превозот од Општина Струмица со која раководи нејзиниот наредбодавец Зоран Заев.

За разлика од Талевски, иако предметот „Пуч“ е многу посериозен, а незаконските снимки со кои располага тандемот Верушевски- Заев се препродаваат, објавуваат на интернет и служат за уцени, Катица Јанева не смета дека тие треба да се најдат во притвор.

За Катица Јанева е недоволен и аргументот што еден од инволвираните во скандалот со незаконското прислушување го призна делото и затоа доби спогодбена казна затвор во времетраење од 4 години.

sonja-verusevska

Врв на апсурдноста беше одговорот на Катица Јанева на новинарско прашање, дека не слушнала за изјавата на сопругата на Верушевски, Соња Верушевска, која јавно му заблагодари на Заев што го ослободил Верушевски од притвор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This