March 29, 2024, 11:45 am

ЕМ ШУТО, ЕМ БОДЕ: Надлежните за изградбата на зградата кај „Мајчин дом“ се зaкaнувaлe на новинари кои ги фотографираат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Осум „бетоњерки“ попладнево го блокираа булеварот „Јане Сандански“ кај Мајчин Дом, каде започна изградбата на зградата „мoнcтpум“, која се гради на едно од последните зелени катчиња во населбата

Новинарката Сабина Факиќ која ги фотографирала камионите и механизацијата, за да ги предупреди граѓаните дека започнува изградба на зградата за која се смета дека дополнително ќе го влоши проблемот со загадувањето на воздухот, добила и закани од надлежните на градилиштето.

„Е драги мои аеродрoмци не само што се гради кај Мајчин дом туку со механизацијата зафатиле коловозна лента од улицата Карангелески, а кај булеварот пршачката патека. Лути дека ги сликав ми го сликаа возилото и регистрацијата, како закана кон мене ваљда…“ – пишува Сабина Факиќ.

Фотографии со коментар „Нит мајчин, нит дом…“ и хаштаг #БаремСеГрадиАнеСмеВеќеНиМлади #СиТечеСеГрадиИзгледаНеНиСеГади објави и новинарот Горан Игиќ, пренесува порталот „Експрес.мк“

Една од причините поради кои жителите на Аеродром и други граѓани есеноска со денови протестираа против изградбата на огромниот објект кој во себе може да смести едно помало градче е и загадувањето кое што ќе биде предизвикано со изградбата и издувните гасови од возилата кои што ќе гравитираат кон неа, пишуваат од порталот.

Ноќеска и денеска во Аеродром е измерено рекордно ниво на загадување со ПМ 10 и ПМ 2,5 честички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This