ЕПА, НА ЗДРАВЈЕ БРИЧЕЊЕ: Професорот Апасиев објасни зошто прогресивниот данок највеќе ќе наштети на средната класа – онака, почетнички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот Димитар Апасиев, инаку член на президумот на партијата „Левица“, на својот ФБ профил речиси сликовито ја објасни погрешната политика на прогресивен данок, и како тоа најсилно ќе се одрази врз т.н. средна класа

„Ај вака почетнички:

1. НИСКА КЛАСА се оние кои живеат од мануелен труд (физички работници, фабрички работници, шивачки, мајстори, занаетчии, земјоделци и сл). Тие треба најмалку да ги даночиме.

2. СРЕДНА КЛАСА се оние кои живеат од интелектуален труд (лекари, професори, учители, адвокати, економисти, инженери, уметници, преведувачи, бирократи и сл.). Тие треба средно да ги даночиме.

——————————————————————————

3. ВИСОКА КЛАСА се оние кои, за разлика од првите две – кои се „работничка класа“ – не живеат од труд, туку од капитал (индустријалци, фабриканти, великосопственици на земјишта, газди, олигарси, градежни мафии и сл.).

Пред да ги даночиме првоспоменатите две класи – со персонален данок – мора прво да ја одданочиме оваа последнава „капиталистичка класа“! А таа класа не се даночи со персоналец [баш поради тоа што не живее од труд], туку со други видови даноци: данок на луксуз, данок на богатство, корпоративен данок на добивка, данок на имот и данок на наследство 😉

Така да, додека ние – припадниците на пониските две класи – си вадиме очи меѓусебе дали ќе плаќаме 10% или 18%, припадниците на највисоката класа ни пукаат сеир и „инвестираат“ паметно: во кампањите на клиентелистичките бизнис-партии СДСМ и ДПМНЕ кои три децении уопште не ги чепкаат!

Сеа, ваљда, контате како стојат работите у „реалниот сектор“ 😉

Епа, на здравје бричење.“ – напиша Апасиев.

 

Ај вака почетнички:1. НИСКА КЛАСА се оние кои живеат од мануелен труд (физички работници, фабрички работници, шивачки,…

Posted by Димитар Апасиев on Sunday, April 1, 2018

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This