March 28, 2024, 11:55 am

ЕПИДЕМИОЛОЗИТЕ И ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ ЗГРОЗЕНИ ОД ОДГОВОРНИТЕ БУРНО РЕАГИРААТ:Уште следниот ден во шест часот наутро бескомпромисно требало да се стави клуч на пекарницата Специјал по допрен глас и да не се остава простор за ургенции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Агенцијата за храна и ветеринарство прави вонреден инспекциски надзор во пекарницата „Специјал“ на Рекорд во Скопје каде што во четвртокот беше сликан стаорец како шета по масите. Епидемиолозите и другите здравствени работници се згрозени од постапките на Агенцијата подеднакво како и од стаорецот во пекарница. Велат дека уште следниот ден во шест часот наутро бескомпромисно требало да се стави клуч на пекарницата по допрен глас и да не се остава простор за ургенции или, пак, за брза дератизација, која само на краток рок ќе ги избрка глодарите.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека испратиле инспекции во сите пекарници „Специјал“, но ниту една не е затворена, иснспкециите работат истовремено со пекарите. Заменик-директорот Фирус Мемед вели инспекцијата е во тек.

Последната контрола на пекарницата „Специјал“ на Рекорд од Агенцијата велат дека била на 19 јуни годинава, но не кажаа какви биле наодите. Апелираат граѓаните да пријавуваат недоследности на бесплатната телефонска линија 0800 3 22 22 или на info@fva.gov.mk.

Стаорецот беше сликан на маса во четвртокот, на Илинден, кога пекарницата не работеше. Други денови оваа пекарница е отворена 24 часа.

фото: Макфакс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This