НЕСВЕТИ, А СВЕТИ: Духовникот на Путин и викар на рускиот патријарх Кирил, г-дин Тихон ја промовираше книгата „Несвети, а свети“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Книгата „Несвети, а свети“ од епископот Јегоревски, г. Тихон (Шевкунов), викар на патријархот Московски и на цела Русија, г. Кирил беше промовирана денеска во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

tihon-infomnaks

Воведен збор иммаше директорот на НУБ „Св. Климент Охридски“, Иван К. Заров, а промотор на изданието (превод) на современ македонски јазик е проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски, декан на Православниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Се обрати и епископот Тихон.

Во рамки на настанот се одржа и  мал концерт на духовна музика со настап на хорот на Македонската православна црква и на Галина Георгиева. Исто така, посетителите  имаа можност да ја разгледаат изложбата посветена на историјата на Руската патријаршија, подготвена за овој повод.

Епископот егорјевски Тихон (Шевкунов) е истакнат претставник на Руската православна црква и викар на московскиот патријарх, г.г. Кирил, и на цела Русија. Покрај тоа, тој е претседател на Советот за култура при патријархот, широко познат теолог, писател и филмски режисер.

Во рамки на посетата на Република Македонија, епископот Тихон вчера во Охрид се сретна со претседателот Ѓорге Иванов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This