„Ербас“ oтпушти 16 луѓе поради индустриска шп ионажа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Ербас“ отпушти 16 вработени без најава во врска со истрагата за шп ионирање германските воени програми, јавуваат медиумите во Минхен.

Обвинителството во Минхен ја започна истрагата во септември, откако компанијата ги извести властите за можни неправилности со документи за две трансакции.

Отпуштените 16 вработени, вклучувајќи директор на оддел, се осомничени за индустриска шпионажа и незаконско стекнување доверливи документи за идни проекти за германските вооружени сили.

Ербас е еден од главните снабдувачи за потребите на германските вооружени сили и редовно добива договори за снабдување со нови авиони и хеликоптери на армијата.

Случајот со индустриска шпионажа датира од есента 2018 година, кога еден вработен ги прашал своите претпоставени и правниот оддел дали треба да има пристап до класифициран документ што го добил. Следеше голема проверка од 1,5 милиони документи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This