ЕРДОГАН БАРАЛ ЛОКАЦИЈА ЗА ВОЕНА БАЗА ВО МАКЕДОНИЈА: Грчките медиуми тврдат дека Ердоган сакал да изгради воена база во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на грчката партија „Река“, Ставрос Теодоракис, во емисијата „Сега”, на грчката телевизија Скај, изјави дека турскиот претседател Ердоган побарал од премиерот на Македонија, Зоран Заев, Турција да отвори воена база, како против услуга за поддршката и помошта која ќе им ја даде на Македонија, пренесува десничарскиот грчки медиум “Elefterostipos”, објавува Portalb.mk.

И Грција и Турција се членки на НАТО, но постојано се во конфликт околу морската граница во Егејско и Кипарското прашање.

-Дали да ќе дозволиме да се формира турската воена база на нашата северна граница и толку блиску до Солун?, Праша Теодоракис, чија партија има шест пратеници во парламентот, а двајца во Европскиот парламент.

Теодоракис ова го кажа во контекст на разговорите за името и поддршка за посветеноста на тоа дека проблемот треба да се реши што е можно поскоро.

Тој имаше средба со премиерот Алексис Xipras, со кого разговараше за потребата за формирање на Советот за национална безбедност.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This