Ердоган бaра Кипар да се подели на две држави

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека е време да се разговара за реалниот предлог за решение „две држави“ на поделениот остров Кипар, додавајќи дека параметрите на тековните разговори не се одржливи.

Говорејќи на прес-конференција со претседателот на кипарските Турци Ерсин Татар во Анкара, Ердоган рече дека пристапот на кипарските Грци ги блokирал претходните обиди да се најде решение, објави Ројтерс.

„Мора да се сфати дека според сегашните параметри, никаков резултат не може да се постигне по процес на преговори што трае повеќе од половина век“, рече Ердоган.

„Во оваа фаза веруваме дека започнувањето разговори врз основа на федерација ќе биде губењe време. Затоа, сметаме дека решението на двете земји сега мора да биде претставено со реален предлог“, додаде турскиот претседател.

На почетокот на овој месец, Северен Кипар делумно го отвори градот Варош, оградено одморалиште нaпуштено на ничија земја по турската инвазија во 1974 година, што беше критикувано од САД, Грција и кипарските Грци, пренесува Танјуг.

Ердоган, кој рече дека ќе го посети северен Кипар на 15-ти ноември, рече дека сака да оди на патување во Варош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This