ЕРДОГАН: Ваквите напади имаат цел да создадат хаос во Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе се бори до крај против сите напади на терористичките групи и на нивните поддржувачи и додаде дека ваквите напади не се независни од случувањата во регионот.

erdogan-640x294

– Турција е цврсто решена да го уништи изворот на ваквите закани и напади, нагласи Ердоган.

– Како нација ние ќе се бориме до крај не само против вооружените напади на терористичките групи и на силите кои стојат зад нив, но и против нивните економски, политички и социјални напади. Тие се обидуваат да создадат хаос, да го деморализираат нашиот народ и да ја дестабилизираат земјата со ваквите напади насочени против цивили. Ние ќе ја сочуваме присебноста како нација, уште повеќе ќе се сплотиме, никогаш нема да отстапиме пред ваквите валкани игри, се вели во писмената изјава на претседателот објавена денеска.

Во меѓувреме портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи изјави дека израелска државјанка е ранета, а друга се води како исчезната во вооружениот напад во истанбулскиот ноќен клуб синоќа на пречекот на Нова година во кој загинаа 39 лица.

– Една Израелка е ранета и сместена во болница, но не постои опасност за нејзиниот живот, а судбината на друга е во неизвесност. Таа во моментот на нападот се наоѓала во дискотеката, изјави портпаролот.

Шест од жртвите се идентификувани како турски државјани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This