ЕРДОГАН: Германија се претвори во засолниште на терористи

Поврзано

- Advertisement -

Турскиот претседател го обвини Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен

(Фото: Atlanticsentinel.com)

- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека Германија станала засолниште на терористи.

Обвинувајќи го Берлин дека не сака да екстрадира поддржувачи на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, Ердоган нагласи дека на земјата ќе ѝ суди историјата.

Тој истакна и дека Германија долго време крие борци на Курдската работничка партија (ПКК) и на екстремистичката група Револуционерна партија и фронт за народно ослободување.

– Тероризмот е како скорпија. Тој на крајот ќе го гризне тој што го помага. Не гледам светла иднина за Германија. Таа стана место каде што терористите станаа бегалци. Има расистички напади врз Турците во Германија. Неприфатливо е Германија да заштитува терористи – изјавил денеска Ердоган.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This