ЕРДОГАН ГО УБЕДУВАЛ ПУТИН ДЕКА НЕМА ВРСКА СО ТЕРОРИСТОТ: Турскиот претседател го замолил Путин на мир бидејќи тој немал врска со убиецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ердоган лично го убедувал Путин дека нема никаква врска со убиството на рускиот амбасадор и го молел да не прави никаква интервенција против Турција

putin-erdogan-640x360

Турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган вечерва лично му се јавил на рускиот претседател Владимир Путин за да го увери дека Турција нема никаква врска со убиството на рускиот амбасадор во Турција, Андреј Карлов, – Јавува “Russia Today”.

Како што јавува телевизијата, во телефонскиот разговор, Ердоган го убедувал Путин дека 22 годишниот полицаец Мерт Алтинас кој вечерва го уби амбасадорот, всушност бил дел од терористичката група на Фетулах Ѓулен, кој оперира од Америка. Истата група годинава се обиде да изврши државен удар во Турција.

„Russia Today“ објавува дека двајцата претседатели се договориле за заедничка истрага и акција против терористичкиот чин.

Како што коментираат аналитичарите на телевизијата, ова значи дека Ердоган ќе биде принуден да потклекнее под притисокот на Русија и да ги прифати нејзините позиции во Сирија. Според нив, овој пат ќе биде избегнато нарушување на односите помеѓу двете земји, кои полека се зацврстуваат по големиот инцидент кој настана кога турската армија сруши руски авион.

– Овој пат Турција ќе клекне на колена, затоа што Русија нема да го толерира убиството на нејзиниот дипломат. Но чим Ердоган вака реагира, веројатно тој и неговото движење немаат никаква врска со настанот, туку се работи за инцидент подметнат од Ѓулен, кој работи за САД, за да се нарушат односите помеѓу двете земји – коментира еден од аналитичарите.

Претходно, МНР на Русија најави жесток одговор на увиството.

– Русија го гледа нападот како акт на тероризам и ќе го покрене ова прашање на состанок на Советот за безбедност на ОН и веднаш почнуваме темелна борба против тероризмот – рече портпаролкаа на руското министерство за надворешни работи, Марија. Захарова, соопштувајќи дека амбасадорот им подлегнал на 5те куршуми кои беа истрелани во неговиот грб.

За утре беше закажана средба на министрите за надворешни работи на Русија, Иран и Турција на која требаше да се разговара за ситуацијата во Алепо, Сирија. Но, убиството на рускиот амбасадор во Анкара ги смени плановите, па сега Кремељ најавува силни анти-терористички акции.

Напаѓачот, облечен во костим и вратоврска, се идентификувал себеси како полицаец при влезот во изложбата. Според руските медиуми напаѓачот е мртов.

За време на нападот тој извикал „Алах Акбар” на арапски, пренесе АП цитирајќи го нивниот фотограф. По чинот, тој изговорил и дека ова се случува поради руската помош на акциите на сириската армија во Алепо.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This