ЕРДОГАН ДО ФРАНЦИЈА: Кои сте вие да зборувате за медијација меѓу Турција и терористи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази жалење за „целосно погрешниот“ пристап на Париз, кој предложи посредување меѓу Анкара и арапско-курдските сили во северна Сирија.

Би сакал да истакнам дека ми е многу жал поради целосно погрешниот пристап на Франција за ова прашање“, рече Ердоган во Анкара.

Париз вчера повика на дијалог помеѓу Турција и Сириските демократски сили. Тие сили се предводени од курдската милиција која е на црната листа на Анкара.

„Кои сте вие да зборувате за медијација меѓу Турција и терористичка организација“, праша Ердоган денес.

Турција денеска го отфрли предлогот на Франција, еден ден откако претставниците на Сириските демократски сили во Париз беа примени од францускиот претседател Емануел Макрон.

 

Францускиот претседател Емануел Макрон вети поддршка на Сириските демократските сили (СДФ), чии членови ги прими во Париз на разговори за конфликтот на северот на Сирија.

Макрон на вчерашната средба ја пофали оваа група, составена од курдски и арапски борци, велејќи дека таа храбро се бори против Исламската држава, објави денес Елисејската палата.

Францускиот лидер, исто така, побара на цивилите во Африн да им се овозможи непречен пристап до хуманитарна помош.

Турската војска и нејзините сојузници од сириската опозиција минатата недела објавија дека имаат „целосна контрола“ над Африн.

Макрон изрази надеж дека СДФ и Турција ќе успеат да воспостават дијалог со француска помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This