ЕРДОГАН: Европејците „нема да можат мирно да одат по улица“ ако продолжат вака

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес предупреди дека Европејците низ светот нема да можат безбедно да одат по улица ако не го сменат ставот кон Турција, и ја повика Европа да ги почитува човековите права и демократијата, пренесува Ројтерс.

mkd-313203

„Ако Европа продолжи вака, ниеден Европеец во кој било дел од светот нема да може безбедно да оди по улица. Ние, како Турција, ја повикуваме Европа да ги почитува човековите права и демократијата“, порача Ердоган во Анкара.

Во изминатите недели турскиот претседател води жестока дипломатска војна со ЕУ, која почна откако одделни европски земји како Холандија, Германија и Австрија им забранија на турски министри на нивна територија да држат политички митинзи со цел да ја убедат големата турска дијаспора да го поддржи референдумот на Ердоган за зголемување на претседателската власт.

Во екот на тензиите Ердоган потезите на Холандија и Германија ги спореди со нацистичките мерки, и ги нарече „бандитски држави“. Иако голем број аналитичари тврдат дека оваа „офанзива“ на турскиот претседател е насочено исклучиво за собирање политички поени дома, за во април да добие апсолутна власт на референдумот, на Европа таквиот однос воопшто не ѝ се допаѓа.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This