ЕРДОГАН И СЕ ЗАКАНИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА: Ако вака продолжите…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес се закани дека Турција би можела да ги отвори границите за мигрантите, откако Европскиот парламент изгласа резолуција за замрзнување на преговорите со Турција за членство во ЕУ.

erdogan_zakana

„Слушајте ме. Ако продолжите со ова и понатаму, границите ќе бидат отворени, имајте го тоа на ум“, порача Ердоган до ЕУ за време на говорот во Истанбул, пренесува АФП.

Ердоган рекол дека ниту него, ниту неговите луѓе нема да се исплашат од „празните закани“.
„Нема да влијае ниту ако сите ја одобрат резолуцијата на ЕП“ рекол Ердоган на конференцијата за правата на жените во Истанбул, пренесува Ројтерс.

Резолуцијата која вчера ја усвои ЕП е необврзувачка, а со истата се повикуваат Европската комисија и земјите членки да иницираат „привремено замрзнување на пристапните преговори“ со Труција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This