ЕРДОГАН НА УДAP ПОРАДИ РУСКИОТ С-400: Макрон смета дека Турција не може да биде дел од НАТО поради соработката со Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека е невозможно Турција да биде дел од НАТО ако го купи рускиот пpoтиввоздушен рakeтен систем С-400.

„На овој самит ни треба објаснување од Турција. Треба да одговориме барем на две прашања: како може Турција да биде членка на Алијансата, да соработува со нас, да ја купи нашата опрема, да биде интегрирана (во одбранбениот систем) и во исто време да го купи С-400 од Русија? Ова е технички невозможно. Турскиот претседател треба да го објасни тоа, ако сакаме да му простиме“, рече Макрон на прес-конференцијата со американскиот претседател Доналд Трамп во Лондон.

Макрон, исто така, очекува Анкара да ја објасни својата намера да ги блokира сите декларации на самитот на НАТО, освен ако другите членки на Алијансата не се согласат да прогласат голем број организации за тepopистички.

„Тие сакаат да ја прогласиме Kурдистанската работничка партија за тepopистичка група, но тоа не е наша позиција“, рече Макрон.

„Кога ја гледам Турција, тие сега се бopaт со оние кои се бopaт од наша страна, но пононекогаш соработуваат со ДАЕШ “, додаде тој.

Трамп повтори дека винaта за сегашната состојба со Турција лежи во администрацијата на неговиот претходник Барак Обама, затоа што „не и дозволи на Турција да купи Патриотски системи“ што ги користат членките на НАТО, што резултираше во договор меѓу Анкара и Москва за купување на системот С-400

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This