ЕРДОГАН: Разочаран сум од Обама и САД

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше САД поради нивниот пристап кон сириската криза, изјавувајќи дека е „разочаран“ од Вашингтон.

erdogan

Тој во интервју за телевизијата Си-Би-Ес истакна дека како резултат на американската политика во Сирија постои безбедносна закана на јужната граница на Турција и околу три милиони бегалци во неговата земја.

– Ќе бидам искрен и ќе ја кажам вистината дека навистина сум разочаран, нагласи Ердоган.

Шефот на турската држава додаде дека во врска со тие прашања разговарал и со претседателот и потпретседателот на САД, Барак Обама и Џо Бајден.

– Тие не им пристапија сериозно на овие проблеми. Тоа за нас е многу загрижувачко, изјави Ердоган.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This