ЕРДОГАН РАСЧИСТУВА СО ФЕТО: Во куќа, тајна ќелија на ФЕТО, запленети жолти елеци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Бурса, при операција спроведена во домовите-ќелии на терористичката организација на Фетулах Ѓулен, ФЕТО, притворени се 22 лица. Притоа, во една куќа се запленети 19 жолти, 9 црвени елеци и фалсификувани лични карти, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипите за борба против криумчарење и организиран криминал во Бурса, извршија операции во 28 домови-ќелии на ФЕТО, кои се нарекуваат „безбедни куќи“.

Во операцијата во Бурса и некои други области биле приведени 22 лица, меѓу кои се наоѓа и еден обвинител од Едрене, по кого е дадена потерница, безбедносни и воени имами на терористичката организација, како и лица кои биле одговорни за регионот.

Осомничените, за време на операцијата, своите мобилни телефони, мемориски картички и флеш-мемории ги фрлале низ прозорец.

На една од адресите се запленети 19 жолти и 9 црвени елеци, слични на оние што се користеа во европските улични демонстрации. Се истакнува дека елеците се нови.

Во куќите, исто така, се откриени 90.000 лири (околу 15.000 евра), 8.825 долари, 1.250 евра и лажни документи за идентификација скриени во тенџериња и пакувања со хартиени марамчиња.

Во куќите-ќелии имало голем број книги што му припаѓале на лидерот на терористичката организација, Фетулах Ѓулен, и упатства што да направат во случај да бидат приведени.

Истрагата е во тек.

– Во Бурса, при операција спроведена во домовите-ќелии на ФЕТО притворени се 22 лица, во една куќа запленети се 19 жолти, 9 црвени елеци и фалсификувани лични карти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This