ЕРДОГАН РАСЧИСТУВА СО ФЕТО: Уaпceни 17 поранешни полициски припадници за поврзаност со ФЕТО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Седумнаесет поранешни полицајци, меѓу кои и поранешен началник на полицијата и заменик-началник, беа уапсени во Турција, во рамките на истрагата за теpopистичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).

„Апceњата настапија откако обвинителите во Анкара издадоа налози за апceње на 23 поранешни полицајци во седум турски области, вклучувајќи го и главниот град Анкара“, изјавија извори кои побараа да останат анонимни.

Осомничените се обвинети дека се дел од инфилтрираните припадници на теpopистичката организација ФЕТО во турската полиција.

Полицијата трага по преостанатите осомничени.

ФЕТО, чиј водач е Фетула Ѓулен, стои зад неуспешниот обид за пyч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа ранети.

Теpopистичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во вojcката, полицијата и cyдството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This