Ердоган: “Русија, САД и Франција ja cнaбдyвaaт Еpмeниja co opyжje”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Русија, САД и Франција ја снабдуваат Ерменија со оружје.

– Ерменија повторно го прекрши прекинот на огнот. Минската група на ОБСЕ, која се состои од Русија, САД и Франција, и даваат на Ерменија целосна поддршка со оружје. Тие се на страната на Ерменија, истакна Ердоган.

По започнувањето на конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан, поради Нагорно-Карабах, Ерменија прогласи воена состојба и, првпат, општа мобилизација, обвинувајќи ја Анкара дека активно го поддржува Баку. Во Азербејџан беше воведена делумна мобилизација, а на некои места воена состојба.

Лидерите на Русија, САД и Франција ги повикаа спротивставените страни да ги прекинат судирите и да започнат преговори без предуслови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This