ЕРДОГАН: САД им доставиле оружје на курдските борци во Сирија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини САД дека со два авиона им доставиле оружје на курдските борци во северна Сирија, кои Анкара ги смета за терористи поврзани со Курдската работничка партија (ПКК)

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини САД дека со два авиона им доставиле оружје на курдските борци во северна Сирија, кои Анкара ги смета за терористи поврзани со Курдската работничка партија (ПКК).

– Доколку мислите дека ќе ја уништите Исламската држава (ИД) со помош на Силите за заштита на народот и партијата Демократска унија нема да успеете, бидејќи тие исто така се терористички групи, изјави Ердоган за турската телевизија.

– Пред три дена САД со авиони доставија два товара со оружје во Кобане за овие терористички групи, рече турскиот претседател и додаде дека го покренал ова прашање на средбата во средата со американскиот потпретседател Џо Бајден.

Според Ердоган, Бајден не знаел за доставката на оружје.

Изјавата на Ердоган дадена вчера во Њујорк може да ги зголеми тензите меѓу Анкара и Вашингтон по прашањето за американската поддршка за курдските Сили за заштита на народот, кои учествуваат во операциите против ИД во Сирија.

Анкара е дел од коалицијата против ИД, предводена од САД, но смета дека курдските Сили за заштита на народот и нивното политичко крило Демократската унија се ограноци на курдските бунтовници во Турција, кои веќе три децении водат вооружен бунт против турската држава.

САД, кои ги сметаат Сили за заштита на народот за главен партнер во борбата против ИД во Сирија со авиони и доставиле оружје на групата во претежно курдскиот град Кобане во 2014 година, а Ердоган тврди дека половина од тоа оружје завршило во рацете на борците на ИД.

Кобане беше под контрола на ИД во период од четири месеци кон крајот на 2014 година. Градот се наоѓа на околу 35 километри источно од сирискиот пограничен град Џараблус, кој беше преземен пред еден месец од бунтовниците со поддршка на Турција во операцијата наречена „Еуфратски штит”.

Оваа операција има цел да го прочисти јужниот пограничен регион на Турција од борци на ИД, но исто така ги судри турските и сириските бунтовнички сили со Силите за зашита на народот.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин вчера изјави дека е исклучена можноста Турција да се вклучи во операцијата на коалицијата против упориштето на ИД во Рака, доколку силите нна сириските Курди исто така учествуваат во неа.

Началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генерал Џозеф Денфорд синоќа изјави дека Вашингтон размислува да испрати оружје за сириските Курди, кои ќе учествуваат во операцијата за враќање на контролата врз Рака.

САД тврдат дека досега им давале оружје само на арапските групи во составот на Сириските демократски сили – арапско-курдска коалиција, која неодамна го презеде од ИД стратешкиот сириски град Манбиџ.

Денфорд истакна во Сенатот дека доколку САД го зајакнат потенцијалот на Сириските демократски сили тогаш тоа ќе ги зголеми шансите за успех во Рака, кој е под контрола на ИД.

Американскиот секретар за одбрана Ештон Картер, исто така, изрази поддршка за секоја иницијатива со која ќе им се дозволи на Сириските демократски сили да извршат офанзива во градот Рака, но нагласи дека се уште не се донесени одлуки околу прашањето за вооружување на Курдите.

Според податоците на Пентагон, Сириските демократски сили моментно бројат околу 30.000 борци, од кои само 14.000 се Арапи, а останатите во најголем број се Курди.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This