ЕРДОГАН СО ЖЕСТОК НАПАД КОН НАТО: Каде сте сега, зошто се криете?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше НАТО Алијансата бидејќи не ја поддржуваат сегашната турска воена операција против курдските борци во Сирија, пренесува АП.

“Еј, НАТО, каде си?”, Праша Ердоган во својот говор пред симпатизерите.

Турскиот претседател го обвини НАТО за примена на “двојни стандарди” и изјави дека “Турција испраќаше трупи во конфликтни зони кога се бараше тоа од нас, но за возврат не добивме поддршка”.

АП објави дека Ердоган побара од НАТО да и помогне на Турција, наведувајќи дека границите на Алијансата се “ранливи во овој момент.”

Ердоган вчера изјави дека турските сили го опкружиле Африн во северна Сирија, и во секој момент ќе го завземат градот, тоа е главната цел на турската операција против Курдите во регионот, но, според него, тоа не е единствената цела, бидејќи најави продор кон истокот во Манбиџ, каде што се сместени американските трупи.

Државните медиуми во Турција објавија дека во четвртокот турските сили и нивните сојузници меѓу кои се и сириски бунтовници го зазеле градот Џиндерес, град кој е еден од најголемите градови во регионот Африн.

Ројтерс вели дека Ердоган во својот говор во Анкара, истакнал дека турските вооружени сили продолжуваат со продорот по операции во Манбиџ и Африн во Сирија, со цел да се “исчисти” теренот од курдските борци на позициите по должината турско-сириската граница.

Ердоган се закани дека, во рамките на операцијата започната во јануари оваа година со цел за преземање Африн, турските сили продолжуваат на исток до Манбиџ. Според Ројтерс, ова може да ги принуди турските сили да се спротивстават на американските трупи лоцирани во тој сириски град.

Во четвртокот, турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека турските офанзива во Африн ќе заврши до мај, а потоа, заедно со властите во Багдад по парламентарните избори во Ирак, ќе лансираат заедничка офанзива против курдските милитанти во Ирак.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This