April 19, 2024, 10:39 am

ЕРДОГАН СО НОВА ЗАКАНА ДО РАМУШ ХАРАДИНАЈ: Тој е ништожник, за разлика од претседателот Хашим Тачи!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно му се закани на косовскиот премиер Рамуш Харадинај и јавно го пофали претседателот Хашим Тачи, за помошта во апсењето и депортацијата на шестмина турски државјани, припадници на движењето ФАТО, со кое раководи верскиот лидер Фетула Ѓулен

Во видео снимката од обраќањето на Ердоган до неговите партиски поддржувачи, објавена на приштинскиот портал „Газета експрес“, шефот на турската држава јавно му се заблагодари на Тачи на соработката и најави дека истата ќе продолжи и во иднина.

„Премиерот (Рамуш Харадинај) е ништожен бидејќи ги промени министрите за внатрешни работи и шефот на тајната служба. Во меѓувреме, сакам да се заблагодарам на претседателот на Косово, кој беше добар соработник. На Косово ќе направиме и други слични операции со помош на претседателот на Косово“, рече помеѓу останатото, Ердоган.

На основа на овие зборови на шефот на труската држава, „Експрес“ констатира дека Тачи јавно ги лажел граѓаните на Косово кога рекол дека не бил запознат со киднапирањето и депортацијата на турските наставници од Косово.

Порталот додава и дека на овој начин претседател на „друга држава флагрантно се меша во внатрешните прашања на КОсово и се заканува дека може да ја собори владата и премиерот“.

„Газета“ очекува реакција од Харадинај, бидејќи тоа, потсетува, е втора јавна закана од Ердоган упатена до него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This