ЕРДОГАН СО НОВИ ОБВИНУВАЊА И ЗА САД: Американското оружје во Сирија се користи против Турција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини САД за трошење на пари за “убиство на луѓе”, наместо хуманитарна помош.

Претседателот Реџеп Тајип Ердоган беше цитиран од страна на турскиот телевизиски канал НТВ, велејќи дека оружјето со кое САД ги снабдува со сириските Курди навидум се користи против Турција.

“Илјадници камиони и товарни авиони со оружје пристигнаа [во Сирија]”, рече Ердоган, сугерирајќи дека оружјето сигурно ќе биде користено против турските војници.

Кога им кажуваме [САД] за тоа, тие одговараат велејќи дека тие ќе го вратат оружјето назад- сценарио што го видовме во Ирак. Нивното оружје е во рацете на КРП [Курдистанската работничка партија]. Ако една десетина од нивните средства за убивање луѓе би биле потрошени за хуманитарна помош, немаше да има проблем “, истакна Ердоган.

Анкара во неколку наврати изрази лутина поради снабдувањето со оружје на курдските сили, при што турскиот заменик-премиер Бекир Боздаг изјави дека “ако САД не останат на ветувањето дека ќе ја прекинат воената помош за курдите, тогаш Вашингтон ќе продолжи да го залажува целиот свет. ”

Хуриет Дејли Њуз повикувајќи се на официјален претставник на САД, пренесува дека Вашингтон ја потврдил својата заложба за враќање на тешкотото вооружување дадено на курдите во Сирија од САД. Сепак, тој не постави временска рамка за процесот.

Официјалниот претставник додаде дека Вашингтон ќе продолжи да соработува со сириските демократски сили предводени од курдските сили за да обезбеди победа на милитантите над Даеш.

На 20-ти јануари Анкара ја започна операцијата Маслиново гранче за неутрализирање на курдите во северниот дел на Африн во Сирија. Анкара тврди дека ЈПГ е поврзана со КРП, која е на црната листа како терористичка организација во Турција.
Сириската влада ја осуди операцијата, која заврши на 24-ти март, како кршење на суверенитетот на земјата.

Офанзивата во Африн беше промовирана откако Анкара ја заврши својата седуммесечна кампања Штит на Еуфрат во провинцијата Алепо во март 2017 година. Целта беше да се протерата силтие на Даеш далеку од турската граница, како и да се спречи напредокот на локалните курдски групи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This