March 29, 2024, 12:08 am

Ердоган со ocyдa за изјавата на Бајден: Такви коментари се нeприфaтливи за еден шеф на држава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изјавата на американскиот претседател Џозеф Бајден за сметка на рускиот лидер Владимир Путин е неприфатлива за еден шеф на државата, а одговорот на Путин е одличен, рече претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

„Не е изјава што можете да ја проголтате. Ваквата изјава не одговара на шефот на државата. Тој (Путин) е многу мудар и неговиот одговор е одличен, елегантен“, рече Ердоган пред новинарите.

Да потсетиме, американскиот претседател во интервју за „АБЦ“ во средата рече дека руското раководство ќе мора да ја „плати цената“ во врска со обидите за мешање во американските избори, кои и се припишуваат на Москва. Покрај тоа, шефот на Белата куќа потврдно одговори на прашањето дали го смета Путин за „убиец“.

Во меѓувреме, Москва го повика својот амбасадор во Вашингтон, Анатолиј Антонов, на консултации и преглед на односите со Америка.

Реагирајќи на скандалозната изјава на Бајден, рускиот претседател му посака здравје на американскиот лидер.

„Што се однесува до изјавата на мојот американски колега, ние навистина, како што рече, се познаваме лично. Што би му одговорил? Јас би му рекол: Да си жив и здрав! Му посакувам добро здравје“, рече Путин.

Рускиот претседател тогаш го покани својот американски колега на јавна дискусија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This