ЕРДОГАН: Турција не може да се справи со новиот бран на бегалци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Турција нема да може сама да се соочи со евентуален нов бран бегалци.

 

Во обраќањето на Шестата министерска конференција во рамки на Будимпештанскиот процес во Истанбул, тој оцени дека изградба на високи ѕидови со бодликави жици не е решение за спречување на илегалната миграција.

Ердоган прецизираше дека ширум светот постојат околу 260 милиони мигранти, над 68 милиони раселени лица и над 25 милиони бегалци. Тој информираше дека Турција досега потрошила повеќе од 37 милијарди долари од сопствените ресурси за згрижување на бегалците.

„Во текот на осум години ние прифативме четири милиони луѓе, додека некои држави, со поголеми економски можности, се „јадат меѓусебно“ околу прифаќање на 100 до 150 бегалци“, истакна Ердоган.

Тој вели дека одредени европски политичари со анти-мигрантската реторика се обидуваат да ги освојат гласовите на граѓаните.

„Европските политичари, посебно расистичките партии, се обидуваат да дојдат на власт, искажувајќи непријателство кон бегалците“, рече турскиот претседател.

Министерската конференција во рамки на Будимпештанскиот процес е форум каде повеќе од 25 години се собираат претставници на држави и меѓународни организации за да разговараат за прашања поврзани со миграцијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This