ЕРДОГАН: Холанѓаните се остатоци од нацистите и фашисти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги критикуваше Холанѓаните како „остатоци од нацистите и фашисти”, откако Холандија забрани авионот со Чавушоглу да слета во Ротердам, пренесе турскиот весник Хуриет.

mkd-311524

Ердоган претходно со нацистичката практика ја спореди и забраната на некои турски политички митинзи во Германија.

Владата на Холандија забрани, наведувајќи безбедносни причини, авионот со шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу во Ротердам, каде што планираше, и покрај забраната на градските власти, да им се обрати на турските граѓани во пресрет на гласањето за поголеми овластувања на претседателот на Турција.

Одлуката на холандската влада да ја повлече дозволата за слетување на турскиот авион го влоши дипломатскиот спор меѓу двете членки на НАТО за кампањата во пресрет на турскиот референдум за уставни реформи, оценува Асошиејтед прес.

Во соопштението, холандската влада вели дека дозволата за слетување ја повлекла поради „ризик за јавниот ред и безбедност“, кој, како што е објаснето, го предизвикала предложената посета на Чавушоглу во Ротердам.

Властите на градот Ротердам забранија Чавушоглу да се обрати на локалниот митинг за поддршка на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, во пресрет на референдумот за проширување на неговите овластувања, кој ќе се одржи во април.

Чавушоглу, сепак, рече дека и покрај забраната на властите во Ротердам, тој ќе отпатува во тој град, а тоа го соопшти откако холандскиот премиер Марк Рут изјави дека неговата влада ѝ испратила најсилна можна препорака на Турција да не испраќа свои претставници на собирот.

И неколку други европски градови забранија вакви собири на турските власти, меѓу кои и во Германија.

„Ова е систематска опструкција, а Германија врши систематски притисок врз нашите граѓани. Тоа е неприфатливо. Ние секогаш сакаме да ја гледаме Германија како пријател, но систематскиот антитурски пристап на Германија не одговара на нашето пријателство“, рече во вторникот Чавушоглу.

Германската канцеларка Ангела Меркел одговори критикувајќи ја Анкара за споменувањето на нацистите, велејќи дека со тоа „се обезвреднуваат“ жртвите на нацистите и е „недостојно за блиските врски меѓу Германија и Турција“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This