Еротскиот центар во Амстердам – Се селат борделите и прозорците на Де Вален од центарот на градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Прозорците на борделите во областа на црвените светла во Амстердам ќе бидат затворени и „еротскиот центар“ ќе биде поставен подалеку од центарот на градот, се согласија советниците, а пренесува Гардијан.

Сексуалните работници во областа на Де Вален на црвените светла ќе бидат поканети да се преселат во наменски изграден центар на друго место во Амстердам, чија локација останува да се утврди.

Предлогот на амстердамската градоначалничка за релокација на таканаречениот еротски центар го поддржа широка палета политички партии. „Идејата зад предлогот е да го ресетираме Амстердам како туристичка дестинација. Туристите се и понатаму добредојдени да уживаат во убавините и слободниот дух на холандската престолнина, но не по секоја цена“, кажа Денис Буткан, член на Работничката партија, додека Дидерик Бомсма од ЦДА истакна дека актуелната ситуација бара решителна интервенција.

И покрај загриженоста на градоначалничката Фемке Халсема поттикната од, како што вели, „зјапањето и малтретирањето на нешто што никогаш не требало да стане туристичка атракција“, нејзиниот став наиде на отпор кај самите сексуални работнички во Де Вален. Новоформираната лоби група Ред лајт јунајтед тврди дека при анкетирањето дури 90 отсто од проститутките изразиле желба за останување на моменталната локација. Една членка на групата, со псевдоним Фокси, ги прашала членовите на градската управа дали ќе обезбедат бесплатни автобуси кои ќе ги возат заинтересираните до засега непознатата локација.

Предлогот за забрана на продажба на канабис во локалните кафулиња и смарт шоповите сепак не најде поддршка кај повеќето советници. Причината за противењето е стравот од уличната препродажба и неквалитетните супстанци. Амстердам, како и многу други европски метрополи, се бори со напумпаниот раст на цените за живеење во центарот кој ги поттикнува сопствениците на дневно изнајмување преку Ербиенби и сличните платформи, а го насочува локалното населени кон околните населби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This