ЕСАД РАХИЌ СО ЗАКАНИ ДО НОВИНАРИТЕ: Внимавајте што пишувате , ќе Ве сретнеме на улица

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс-пратеникот на СДСМ Есад Рахиќ, чиј брат е осомничен за трговија со дрога и нелегално поседување на оружје и кој доби 30 дневен притвор, денеска во интервјуто за соросовата 24 Вести се жали дека брат му бил многу фин и бил жртва и ова бил монтиран случај.Не одговори , многу прашања кои требаше да ги објасни пред јавноста како на приемр му ја монтирале дрогата во ракаи слично, но затоа знаеше да упати закани до новинарите доколку некој од неговото семејство ги сретнел на улица.

fds342

На крајот на десет минутното интервју, Рахиќ им испрати порака на новинарите да внимаваат што пишуваат бидејќи тој и неговото семејство имале многу пријатели, за кои не можел да гарантира како ќе се однесуваат кога ќе ги сретнеле новинарите кои пишувале за него и неговиот брат.

Братот на Есад Рахиќ, бивш пратеник во Собранието на Р.Македонија од редовите на СДСМ, Сеад Рахиќ  е уапсен во рација на полицијата заедно со уште две лица, под сомнение дека организирал криминал група, која вршела продажба на кокаин на наркозависници од Скопје, но и пошироко.

apsenje-seat-infomaks

Според информации од истрагата, криминалната група, организирана од Сеад Рахиќ, од ноември, лани, до денеска континуирано вршела продажба на кокаин низ цело Скопје, но и надвор од градот, и тоа по цена од 3.000 до 4.500 денари за една паковка, или меѓу зависниците популарно наречена „пакетче“. Полициската истрага засега утврдила осомничените дрогата ја набабувавале од, во моментов, непознато лице од Србија, и тоа во количество меѓу 100 и 200 грама. Македонската полиција интензивно работи на идентификција на српскиот добавувач на осомничените скопски наркодилери.

Апсењето се случучо пред кафе барот АБЦ на улица Илинденска, на очиглед на присутните гости.

Како што не информираше очевидецот кој ја направил снимката, гостите биле видно вознемирени бидејќи не знаеле што се случува.

Рахиќ, познат и како Сецко, бил фатен за време на примопредавање на кокаинот.

Надлежниот судија на петтемина членови на криминалната група кои беа уапсени во петокот вечерта во акцијата „Мрежа“ на МВР им изрекол мерка притвор во времетраење од по 30 дена.

 Сега, останува на внуката на Сеад и ќерка на Есад да му помогне со криминалните обвиненија и да го вади од затвор, агитирајќи кај Катица Јанева.

 

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This