ЕСЗ „ТИГАР“ ДОБИВА КОМАНДАНТ ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ: Безбедноста занемарена на сметка на коалиционите интереси – „Тигар“ добива командант Албанец

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 37 години од формирањето, полициската единица за специјални задачи „Тигар“ станува дел од коалицискиот колач на распределба на места помеѓу СДСМ и ДУИ, дознава Нетпрес.

Според информации во МВР, станува збор за Локман Сељими, близок партиски соработник на Талат Џафери од скопско Арачиново, вработен во МВР. Сељими по случувањата на 27-ми април во македонското Собрание, во низа интервјуа за медиуми на албански јазик во Македонија и странство им порачува на Албанците „дека треба да знаат дека има луѓе во Македонија кои ја штитат нивната крв и да се обединат“.

Во текот на растерувањето на граѓаните од Собранието истиот на група постари граѓани, меѓу кои и жени, им се обраќал со зборовите „не сте луѓе вие“ и грубо ги туркал.

Дали ваквото негово однесување и поделба на граѓаните на вредни за кои „има кој да им ја штите крвта“ и за „нелуѓето“ ќе придонесе за довербата и интегритетот на полициските „Тигри “ во македонското општество?

Изворите на Нетпрес во МВР велат дека се шпекулира оти сегашниот командант на Единицата, Митко Даневски, наводно бил подготвен да си поднесе оставка доколку се случи политичко наметнување на Албанец за негов заменик. Сепак, Даневски ќе се одважи на таков потег е дискутабилно бидејќи негов близок роднина наводно е обезбедување на Зоран Заев.

Инаку, Даневски е припадник на ЕСЗ од 2001 година кога тогашниот министер за внатрешни Бошкоски, преку кампањата „Биди Тигар, Македонија те повикува“, успеа да анимира млади и способни патриоти да застанат на браникот на татковината. Дека ЕСЗ, но и Единицата за брзи интевренции, се на менито од партиско-коалицискиот колач на Заев со ДУИ покажува и фактот дека дури 20 нови припадници Албанци се подготвуваат да влезат во ЕБР, заедно со заменик на оваа единица, исто така Албанец.

За жал, заложбите на сега веќе бившиот советник на Заев, Џезаир Шаќири алијас командант Хоџа, за добивање на податоци за сите припадници на полициските специјалци сепак ќе се реализираат одвнатре од самите единици. Моралот и мотивираноста според изјавата на Хоџа кај „Тигрите“, само ќе оди кон надолно ниво.

„Од аматерските видеа се гледа како Зијадин Села беше нападнат од страна на голем број хулигани, а подоцна беше изјавено дека бил однесен во болница.

Албеу: Ние сме среќни што се спасивте! Можете ли да ни објасните што се случи минатата ноќ во македонскиот Парламент?

Селими: Јас сум командант на „тим“ во Специјалните сили. Интервениравме да ги заштитиме пратениците без разлика на кое крило биле. Интервениравме за да ги однесиме на безбедно место и успеавме.

Албеу: Колку Албанци има во вашиот тим?

Селими: Има некои Албанци, но тројца сме повредени. Ние бевме најактивни во спасувањето на пратениците соочувајќи гради со гради со хулигани.

Албеу: Каква е вашата и состојбата на другите повредени колеги?

Селими: Во моментов сме во ред. Се стабилизира.

Албеу: Како ситуацијата се случи таму? Дали се чувствувавте загрозени?

Селими: Ние сме подготвени за секоја ситуација, бидејќи ние сме професионалци. Но, не верувам дека ќе се влоши повеќе.

Албеу: Вие интервениравте сами откако видовте дека животот на албанските пратеници бил загрозен или имавте наредба?

Селими: Не можам да зборувам за тоа, затоа што е дел од тајноста на нашата работа. Луѓето со повисоки чинови од нас се запознаени со тоа.

Албеу: Денес си херој меѓу Албанците, дали имаш порака за нив?

Селими: Албанците треба да знаат дека има луѓе во Македонија кои ја штитат нивната крв. Мојата порака е да бидеме обединети и да не се расцепкуваме.

Албеу: Дозволете ми да ви се заблагодарам! Бог да ве чува!

Нетпрес побара одговор од Министерството за внатрешни работи, дали информацијата за новото назначување на заменик командант на полициската единица за специјални задачи „Тигар“ е точна, но, до моментот на објавување на текстот, одговор не добиле.

Минатиот месец, Инфомакс.мк објави анонимно писмо потпишано од припадници на единицата „Тигар“ кои предупредија на ваквиот исход, барајќи МВР да ја преиспита ваквата одлука бидејќи се работи за сериозно нарушување на безбедноста во државата.
Согласно интерниот оглас, се бараат заинтересирани кандидати да се пријават за полицајци за операции, како и помлади полицајци за операции во специјалната единица „Тигар“. И во двата случаи се бараат лица со средно образование, додека за повисокото работно место се бара и работно искуство од минимум две години, додека за помлад полицаец за операции се бара положен приправнички испит.

Исти се условите и на огласот за вработување на припадници во единицата за брзо распоредување „ЕБР“.

Во прилог на овој оглас, до нашата редакција пристигна и анонимно писмо, потпишано од припадниците на единицата за специјални задачи „Тигар“, во кое повикуваат да се престане со партиските вработувања, овој пат по барање на ДУИ.


„Престанете да се пазарите на грбот на тигрите!

Секоја политичка игранка на сметка на Единицата за специјални задачи Тигар, се одразува на нашето единство и компактност, а со тоа се загрозува нашата безбедност. Кога се нарушува нашата безбедност, тоа еризик и за општата безбедност бидејќи ние сме во служба на државата и граѓаните. Нас не не интересира ни ДУИ ни СДСМ. Нас не интересира секој што ќе влезе во единицата да е проверен, доверлив и подготвен да одговори на задачите. Нас не не интересираат меѓупартиски договори туку не интересира нашите сегашни и идни браќа и колеги да бидат подготвени да ги ризикуваат животите еден за друг и да немаат дилеми кога треба да се ризикува за Македонија.

Информаците кои кружат дека ДУИ и СДСМ договориле влез на одреден број полицајци во единицата по партиска и етничка линија не загрижуваат. Тука не се издаваат лични карти и не одговараме на барања на граѓаните. Ние не сме секретаријат за Рамковен договор. Ние влегуваме и интервенираме таму каде што никој друг не смее. Секоја импровизација со единицата за специјални задачи може да биде кобна. Затоа со време да алармираме за да не ни се случи нешто за кое што подоцна ќе се каеме.

Ве молиме да го пренесете ова писмо и огласот кој што е распишан за пополнување на ЕСЗ и ЕБР.“ – стои во анонимното писмо испратено до Инфомакс.мк.

Освен вработувањето на лица кои треба да се вработат по етнички клуч во специјалните единици, анонимните извори во специјалната единица информираат дека веќе се зборува и за поставување на командант на единицата Албанец, без соодветни кваификации со цел да се задоволат барањата на ДУИ.

Ваквата ситуација, велат од единицата, е неприфатлива и во најмала рака опасна.

Единицата за брзо распоредување нема командант речиси цела година и функционира по наредби на заменик в.д. командант.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This