ЕСКТРЕМНИ ТЕМПЕРАТУРИ ВО ЕВРОПА ОВАА ЗИМА: Најпознатиот метеоролог во Македонија, анализира какви температури не очекуваат годинава

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани го анализиравме времето и за претстојната зима, па така најновите анализи направени со помош на метеоролошкиот модел (ECMWF) Европски центар за среднорочна прогноза на времето, кој е многу добар и често го анализираме времето со помош на овој метеоролошки модел, укажува на тоа дека претстојната зима ќе биде нешто постудена, што значи со нешто повеќе продори на студен воздух од север и од североистокот на евроспкиот континент, анализира најпознатиот метеоролог во Македонија Славчо Поповски.

Со нивното спуштање до нашите краишта, поточно до Јадранското море и над Италија, истите овие студени бранови со судир на нешто потоплите воздушни маси кој би се наоѓале над овие краишта, би условиле формирање на циклонски системи, кој би се движеле кон Балканот и Македонија и истите би условувале почести врнежи од дожд и од снег.

Сепак, и покрај ова не се исклучува можноста повремено да имаме и влијание на антициклони (висок воздушен притисок), кој би условувал стабилно и суво време, но во овој случај во зимскиот период и тоа како растат условите за појава на магла и на ниска облачност по котлините и по речните котлини низ државава.

Ние сме на такво место што директно од север и од североистокот на Европа слободно може да пробие и екстремно студен воздух, кој би условил и екстремно ниски температури на воздухот (до околу па и под -20 степени), како што беше случај пред две години, каде во Берово се измерија температури дури и под -28 степени. Токму ова може да го очекуваме и има можност да се случи и во текот на претстојната зима.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This