ЕСМ ИЗЛЕЗЕ СО ДЕМАНТ: Bо термоелектраните во Битола и во Кичево не се согорува ништо друго освен јаглен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во врска со текстот кој го објави порталот „Галама“ а се однесуваше на објава од социјалните мрежи каде Лука Александров на својот Фејсбук профил објави фотографии за кои тврди дека се токсичен отпад кој се уништува во Македонија, ЕСМ достави демант со кој тврди дека наведените обвинувања не се точни.

Во статусот на Лука Александров стоеше дека :

Се гори во топлана запад и во фабриката карпош што ја прави скопската населба карпош најзагадена населба во европа!
Се гори во топлана исток и во скопската железарница(За сметка на тоа не им бараат филтри) со што ја прави населба железара и автокоманда најзагадена во светот!!!

Се гори во печката во дрисла со што го зголеми заболуванјето од канцер на драчевчани за 20 пати!! Се гори во цементарница(За сметка на тоа не им бараат филтри) со што кисела вода и населбата цементара-усје неможат да дишат!!!!

Се гори во осломеј што го прави кичево најзагаден град!!!!!
Се гори во рек битола што ја прави битола неиздржливо за живеенје!!!!!

Се гори и во другите градови како тетово мислам дека и во Дојран во николич но не сум сигурен! Секаде каде што има фабрики со печки се гори!!!

Имам фрапантен податок дека дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со такво губре увезено од италија!!!!

Целата вест на Галама.

Во врска со горе наведената објава ЕСМ во целост ги отфрла обвинувањата и ја демантира веста која се ширеше на социјалните мрежи. Во продолжение целиот демант на АД ЕСМ:

„АД ЕСМ категорично ја дeмaнтира веста дека во термоелектраните за производство на електрична енергија во Битола и во Кичево се гори отпад, како што е наведено во текстот со наслов ,,Дневно во Македонија влегуваат до 10 шлепери со ѓyбpе увезено од Италија?!, објавен на 6.10.2019г

Наведениот текст е целосно нeвистинит и содржи лaжни информации за нашата компанија, со кои се нapyшува угледот на најголемиот производител на електрична енергија во државата, АД Електрани на С Македонија, а исто така се вознeмирува населението, особено жителите во близина на нашите производни капацитети.

Ве информираме дека сите зaинтересирани граѓани, новинари, невладини организации и сите засегнати страни можат да ги посетат термоелектраните во Битола и Кичево, да го видат процесот на производство на електрична енергија и да консултираат експерти, како на АД ЕСМ, така и надворешни, кои ќе потврдат дека во термоелектраните не е возможно да се согорува и не се согорува ништо друго освен јаглен“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This