April 20, 2024, 11:15 am

ЕСПЕРТИТЕ ЗА ЗАКОНОТ НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО ГИ ПОТВРДИЈА СТАВОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ: “Нив да ги слушаме, а не неколку пати аболицираниот Заев”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ве молам одговорете на прашањето зошто јавниот обвинител Јовевски не ја суспендираше специјалната обвинителка Јанева во моментот кога влезе во притвор. Зошто не постапил според законот, праша Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на дебатата на телевизија 24 на тема законот за јавно обвинителство на која учестуваше и Бојан Маричиќ од СДСМ. Ова како што рече го прашувам Маричиќ зошто републичкиот обвнител Јовевски не одговара.

 

 

 

 

-Во важечкиот закон за јавно обвинителство има член 60 според кој јавниот обвинител е должен да донесе решение со кое доколку еден обвинител е во притвор треба да го оддалечи од вршење на функција. Значи требало, и не само што требало, тој е должен да ја суспендира во случајов Катица Јанева од вршење функција во моментот кога влегла во притвор. И не само што јавниот обвинител не постапи според законот, туку и постапуваше по писма што таа ги пишуваше додека е во притвор, посочи Тошковски.

Тошковски истакна дека на дебатата за законот за јавно обвинителство експертите се изјснија, односно ги потврдија ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-За законот за јавно обвинителство треба да ги слушаме експертите. И тоа оние кои не се ВМРО-ДПМНЕ, туку беа и дел од Шарената револуција. Нив треба да ги слушаме, ако не нив тогаш кого да слушаме неколку пати аболицираниот Заев, рече Тошковски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This