April 26, 2024, 10:15 pm

ЕСТРАДЕН МЕНАЏЕР ГО МЕНУВА ИМЕТО НА МАКЕДОНИЈА: Зоран Башановиќ, криминалец и естраден менаџер е одговорен за договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Катастрофалниот Договор за името не е направен поради притисок од меѓународната заедница, туку е дело на главниот советник на Зоран Заев, човек од белградското естрадно милје. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во емисијата „60 минути“ на Алфа, открива каква е позадината на договорот на Заев со Ципрас, кој Македонија ќе ја чини промена на името и на уставот.
Во суштина „дилот“ за името е направен многу порано. За возврат, на Заев му се гарантирани одредени работи, вклучително и медиумска поддршка. А „дилот“ е правен со овој советник и директно со грчката страна. Сето останато е една мистерија која Заев се обидува да ја постави и една злоупотреба на Меѓународната заедница – вели Николоски.

А за тоа кој е главниот советник на Заев што го направил Договорот со Грција, од Белград за Алфа зборува главниот уредник на „Информер“ Драган Вукичевиќ:
-Кутра е таа ваша држава ако е Зоран Башановиќ главен советник за било што. Зоран Башановиќ е естраден менаџер и поранешно момче на Драгана Мирковиќ. Човек кој во 2020 година во Америка е уапсен заедно со сопругата поради кражба на прекривки. Зоран Заев или не знае со кого има работа, што е малку веројатно, или намерно се опкружува со такви ликови бидејќи и самиот е таков – тврди уредникот на „Информер“.

Николоски во „60 минути“ ја разобличува и веќе воспоставената мантра дека премиерот Заев има некаква специјална заштита од Меѓународната заедница. Напротив, тврди Николоски, тој само вешто ја злоупотребува.

-Заев се претставува како пријател на САД, Британија, ЕУ и на целата Меѓународна заедница но во суштина тој ги злоупотребува. Секогаш кога нема одговор за нешто тој ја користи Меѓународната заедница. Секогаш кога ќе треба да направи прогон врз членови на ВМРО-ДПМНЕ, да изврши притисок врз судството и обвинителството, а во исто време да се спаси себеси од истото судство и обвинителство, вели дека тоа му е во договор со Меѓународната заедница – рече Николоски.

Колку е оваа теза апсурдна, смета Николоски, покажува однесувањето на францускиот претседател Емануел Макрон.
-Најголемо разбивање на оваа теза е она што се случи на Самитот на ЕУ, каде тој доби силен шамар. И покрај согласноста да го промени името, не му дадоа датум за преговори затоа што Макрон не сака да седи на иста маса со човек кој што бара мито – тврди Николоски.

Договорот за името беше потпишан на 17 јуни, денеска повторно е изгласан во Собранието, но треба да биде проверен на референдум, иако опозицијата уште отсега се сомнева дека тој или ќе биде фалсификуван или воопшто нема да се случи.

Извор: Алфа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This