March 28, 2024, 10:37 am

Еуроактив: Локалните избори ја ставија на тест владината коалиција во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија во неделата (17 -ти октомври) одржа локални избори, кои ќе бидат тест за владината коалиција на социјалдемократите, предводена од премиерот Зоран Заев и албанската партија ДУИ, пишува Еуроактив

Гласачките места беа затворени во 19:30 часот, 30 минути по предвиденото време. Државната изборна комисија (ДИК) изјави дека продолжувањето на времето за гласање е за да им се дозволи на луѓето кои чекаат ред пред избирачкото место да го остварат своето право на глас. Ова може да биде спорна одлука доколку бројот на гласови на опозицијата паднат под очекувањата.

За време на изборната кампања, Христијан Мицкоски, лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, даде сериозни обвинувања за корупција на државата од страна на Зоран Заев и неговата придружба.

Според првите неофицијални резултати објавени од ДИК, ВМРО-ДПМНЕ преовладува во голем број големи општини во земјата. Спротивно на тоа, според сите индикации, битката за метрополитската општина Скопје ќе се суди во вториот круг.

Во случаи кога ниту еден кандидат не успеа да добие повеќе од 50% од првиот круг, втор круг ќе се организира на 31 октомври, со учество на двајцата водечки кандидати од првиот круг.

Лидерите на двете најголеми партии дадоа изјави доцна синоќа. Мицкоски зборуваше за голема победа на неговата партија, додека Заев изрази оптимизам дека неговата партија ќе победи во вториот круг од општинските избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This