ЕУ ВОДИ СТУДЕНА ВОЈНА ПРОТИВ РУСИЈА: Европската унија води Студената војна против Русија вели Марин Ле Пен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателката на Националната фронт, Марин Ле Пен, коментираше за развојот на ситуацијата околу труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал за време на интервјуто на радио-станицата “Франс Инфо”.

“Мислам дека зад овие акции стои нешто поголемо – стратегија за изградба на ѕид меѓу ЕУ и Русија. Судејќи според моето искуство во работата на Европскиот парламент, знам дека ЕУ води студена војна против Русија, вели Ле Пен.
Изјавата на Ле Пен доаѓа по информациите кои ги доби “Спутник” дека голем број европски земји размислуваат да ги истераат руските дипломати или да ги повикаат своите амбасадори од Москва.

Овој потег беше поттикнат од обвиненијата на британската премиерка Тереза Мај против Русија за труење на поранешниот разузнавачки офицер Сергеј Скрипал и протерувањето на 23 руски дипломати како казнена мерка.

Русија ги отфрли обвинувањата и понуди помош во истрагата. Сепак, барањето на Москва за примероци од хемиската супстанца што се користела во труењето на Скрипал, беше одбиено. Москва, исто така, ги протера британските дипломати и му нареди на Британскиот совет да ги прекине своите активности во Русија како одговор на протерувањето на руските дипломати во Велика Британија.
Скрипал и неговата ќерка се во болница во критична состојба од 4 март и се третираат за изложеност на она што британските експерти веруваат дека е A234 нервен агент. Британската страна тврдеше дека оваа супстанција е поврзана со класите на нервните агенси од класата Новирок развиени во Советскиот Сојуз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This