ЕУ ВО ПAHИКА ЗА БАЛКАНОТ: Унијата го потцени влијанието на Кина врз Балканските земји!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во интервју за „Фајненшел тајмс“ изјави дека Европската Унија го потценија влијанието на Кина на Балканот и изрази загриженост поради кредитите кои балканските земји ги земаат од Пекинг,пренесува Танјуг.

Тој додаде дека некои балкански земји земаат високи кредити за проекти во инфраструктурата што на долг рок ја загрозува и така лошата економија

„Кина не води сметка дали земјата ќе го врати кредитот. И да не го врати таа ќе го присвои проектот“, истакна Хан.

Тој додаде дека Европејците можеби не се најбрзи, можеби имаат поголеми очекувања, но на крај барем се „најчесните“ партнери.

Хан смета дека ова влијание од Кина може да доведе до дополнителни нестабилности во регионот.

„Можеби сме ја прецениле Русија, а потцениле Кина“, наведе Хан.

Кина во последно време ги зголеми инвестициите на Балканот во рамките на платформата 16+1, што вклучува единаесет земји членки и пет држави што не се членки на ЕУ (Македонија, Албанија, БиХ, Црна Гора и Србија).

Хан изјави дека Чешка и Полска се повнимателни во соработката со Кина и кинеските инвестиции после обвинувањата на САД за шпионажа на кинеската компанија„Хуавеи“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This