ЕУ ГИ ДОВЕДЕ МЛЕКАРИТЕ ДО КОЛАПС: Револтирани ја испрскаа зградата на ЕУ со млеко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Произведувачите на млеко од различни европски земји, членки на ЕУ, денес ја испрскаа зградата на ЕУ во Брисел со млеко во прав, во знак на протест поради кризата во нивниот сектор.

Mleko Čaša Bokal mleka

Многуте произведувачи на млеко доведени се до банкрот поради се пониската откупна цена а зголемените трошоци за производство.

Во текот на минатата година европската комисија одобри мерки за поддршка, но млекарите моментално се плашат дека пуштањето на залигите на млекото во прав во промет дополнително ќе ја искомплицираат нивната состојба.

ЕУ пред две години дозволи зголемување на производството кога овоој сектор беше погоден од санкциите од Русија.

“Нашите фармери се толку погодени со кризата и само зголемување на цената и долготрајна стабилност на пазарот може да го спасат производството на млеко во ЕУ од изумирање“, рече водачот на Европската алијанса на произведувачи на млеко Ервин Шопгес.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This