ЕУ ГУБИ ТРПЕНИЕ: Босна и Херцеговина што е можно побрзо да формираат на влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ во Луксембург повторно ги повикаа одговорните во Босна и Херцеговина што побрзо да воспостават влада на државно ниво и во Федерацијата БиХ.

– Ја потенцираме нeдвоcмислената посветеност на европската перспектива на Босна и Херцеговина како единствена, oбeдинeта и суверена земја. Со оглед на тоа што од минатогодишните општи избори не се формирани влади на државно ниво, како и во Федерацијата БиХ, Советот го повтори својот повик БиХ без одлагање да формира влада која ќе почне да работи во интерес на сите граѓани, се вели во соопштението на Советот за надворешни работи.

Босна и Херцеговина сè уште нема влада, иако изборите беа одржани пред една година.

Советот, исто така, ја потврди подготвеноста на ЕУ „во оваа фаза да продолжи да го спроведува извршниот мандат на операцијата ЕУФОР Алтеа за поддршка на властите на БиХ за зачувување на бeзбедно опкружување под обновен мандат на ОН“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This