ЕУ: Имa дoвoлнo вakцини и зa Зaпaдeн Бaлкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската Унија ќе се погрижи земјите од Западен Балкан да имаат пристап до вакцини против коронавирусот, речиси истовремено кога ќе се појават на европскиот пазар, рекле експертски извори од седиштето на ЕУ за “Радио Слободна Европа”.

Имено, Европската комисија веќе обезбедила доволен број на дози на вакцини не само за граѓаните на ЕУ, туку и за таканаречените трети земји, меѓу кои и земјите од регионот. Според прелиминарните податоци, Брисел нарачал околу две милијарди дози, а цела ЕУ бои околу 450 милиони жители. 

Праќањето на вакцините во регионот според планот ќе се врши преку два канали: првиот е “Covax”, кој овозможува земјите со високи приходи да обезбедат вакцината да биде достапна и за земјите со ниски и средни приходи, како и преку земјите членки кои веќе имаат вишок на вакцини. Експертите од ЕУ објасниле дека праќањето на вакцините од земјите членки на ЕУ ќе биде координирано.

Портпаролката на ЕК, Ана Писонеро, ги повикала земјите од регионот веќе сега да развијат стратегии за вакцинација, во склад со насоките кои Комисијата им ги дала на земјите членки на ЕУ, и во таа смисла, ЕУ е подготвена да ја понуди својата помош. Писонеро за РСЕ рекла дека иницијативата “COVAX” ќе биде клучна за обезбедување на вакцина за регионот.

“Паралелно, и за да обезбеди дека вакцинацијата може да започне што порано, ЕУ исто така истражува како вакцините да ги стави на располагање на Западен Балкан преку донации или преку еквивалентен систем. Ова би обезбедило поддршка за релативно брзо вакцинирање на приоритетните групи”, рекла Писонеро.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во петокот навечер, на 11-ти декември, на крајот на самитот потврдила дека бриселските институции имаат увид во потребите на Западен Балкан.

“Европската унија ќе ги координира донациите на вакцини од страна на земјите членки, посебно поради заштита на здравствените работници на Западен Балкан и во нашето соседство”, нагласила Фон дер Лајен.

Меѓутоа, досега не е јасно дали вакцините ќе бидат пратени во регионот во исто време кога ќе се појават во ЕУ.

Сите земји членки на ЕУ ќе добијат дози во пропорција со бројот на жители и под исти услови и иста цена.

Првата седмица од 2021-ва година е рамковен рок кога првите европски граѓани ќе бидат вакцинирани, според стратегија која секоја држава на ЕУ индивидуално ја усвојува, со насоки од ЕК. Според нив, приоритетните групи кои први ќе добијат вакцина ги опфаќаат работниците во домови за старци, здравствени работници, а потоа вакцината ќе се дава по старосни групи, почнувајќи од најстарите.

Идејата на експертите од ЕУ е веднаш по пристигнувањето на првите дози вакцини одреден број од нив да бидат на располагање и за земјите од регионот.

Меѓутоа, од Брисел порачуваат дека се очекува од земјите од регионот да подготват логистика за добивање и зачувување на тие вакцини, со оглед на тоа дека некои бараат транспорт на -70 степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This